Положани е во Единбург и ќе ја предводи Шкендија вечерва

148

Одлични вести за таборот на Шкендија. Шефот на стручниот штаб, Артим Положани конечно слета во Шкотска, и му се приклучи на својот табор во Единбург, каде што вечерва Шкендија од 21:00 часот го игра мечот против Хиберниан.

Истиот е во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции, каде што Шкендија ќе се обиде да обезбеди поволен резултат, пред реваншот во Скопје за седум дена.

Положани задоцни, и не беше дел од чартер летот за Шкотска, затоа што се појавија проблеми со неговата виза за влез во Велика Британија, но сето тоа сега е минато, и стратегот вечерва е на чело на експедицијата на Шкендија.

 

ПретходноЃорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
СледноРеал Мадрид го потврди трансферот на Диоманде