Ардијан Нухиу повторно на клупата на Дрита!(ВИДЕО)

74

Ардијан Нухиу по пауза од неколку години повторно е шеф на струката во Дрита. Раководството на клубот денеска на прес конференција се пофали, односно објави дека имаат нов тренер и го промовираше некогашниот наш познат фудбалер, а потоа и истакнат тренер кој со успех работеше во Шкупи и Шкендија, а како стратег ги предводеше екипите на Тирана, Гњилане, секако Дрита.

Да потсетиме дека тој со Дрита во сезоната 2019/20 ја освои титулата и испиша историја со овој клуб.

Инаку до пред неколку дена, на клупата на Дрита беше Зекирија Рамадани, исто така тренер од Македонија.

Претходно“Бомба“: Еден од најбогатите луѓе во светот го купува Ливерпул!
СледноВладан Лукиќ за Панчев: “Дарко е супер тип, незаменлив шраф во една голема машина кој ја штити соблекувалната“!(ВИДЕО)