Атлетико Мадрид во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони го совлада Милан со 2-1, победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение.
ВАР токму пред самиот крај досуди пенал за шпанскиот тим, а топката ја зеде Луис Суарез, кој донесе радост во редовите на „јорганџиите“. Со овој погодок Уругвајецот влезе во историјата на Лигата на шампионите, тој е сопственик на најдоцниот победнички гол во ова натпреварување.
Инаку ова е прв гол на гости за Суарез во Лигата на шампиони од 2015 година.
По две кола Атлетико има четири бода, два помалку од Сити, кој е лидер на табелата, на последните две места се наоѓаат Порто и Милан.