ГРК Охрид брани нов трофеј, Вардар има шанса да му се реваншира

79
Фото: ГРК Охрид

Од денеска до 22 август во Охрид ќе се одржи јубилејното 5. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. Бранител на пехарот е ГРК Охрид.

На стартот имаше интересна пресметка, Вардар ќе ги одмери силите против Олимпијакос во рамките на групата Б. Македонскиот првак ќе игра уште против Нексе и Тримо Требње.

Во групата А е ГРК Охрид, домаќинот денеска игра против селекцијата на Египет до 20 години, додека првиот ден ќе го затворат Војводина и Загреб, исто од групата А.

За кратко време би можеле да имаме ново финале помеѓу ГРК Охрид и Вардар после струшкиот турнир. Доколку се случи ова сценарио „црвено-црните“ би можеле да им се реваншираат на охриѓани за поразот во битката за пехар во Струга.

Натпреварите се играат во СЦ „Билјанини Извори“, цената на влзниците за поединичен натпревар е 100 денари, а блок влезница за сите натпревраи на турнирот е 800 денари.

Претходно„Ливерпул нема да ја освои титулата“
СледноАвстрија ги отвори картите за пресметката со Македонија