Италијанецот Окипинти победник на Охридскиот маратон, младиот Цеков заврши на третото место

89
фото: Охридски пливачки маратон (FB)

Италијанскиот маратонец Алесио Окипинти е победник на 39-тото издание на Охридскиот пливачки маратон што се одржа денеска.

Тој ја преплива патеката од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри за 5:03,44 часа. Одличен настап имаше македонски млад маратонец, Петар Цеков, кој во конкуренција на 16 маратонци на крајот го освои третото место.

Второто место му припадна на Николо Ричарди, а 17-годишниот Петар Цеков успеа да се пробие меѓу тѕројката најдобри и да покаже дека е иднина на македонското маратонско пливање.

Во женска конкуренција победи Аргентинката Матје Ален Пука.

ПретходноБарса без Родри на мечот со Елче, Кансело има право на настап
СледноНорис ќе стартува прв на ГН на Холандија