ВМФЛ: На Пелистер не му оди и во Втора лига, “Лавови“ низ Лисиче!

526
фото:facebook.com/FC.PelisterBitola/

Попладнево се одиграа пет натпревари од 2.коло во ВМФЛ. Втор меч како домаќин, иако сега во Кавадарци, и втор кикс на Пелистер,на тимот кој се посочуваше како главен фаворит сезонава за највисок пласман. По тие 1:1 со Камјани минатата сабота, сега и против Брера реми, ама без голови. Очигледно е дека на битолчани не им оди и во Втора лига.

Пелистер речиси цело второ полувреме играше со играч повеќе, но железната одбрана на гостите, на младата Брера, донесе нов кикс на битолчани.

Беласица славеше со 0:1 кај Новаци и тоа со гол во 90.минута, кој го постигна Томовски, иако цело второ полувреме играше со играч помалку.

Македонија ЃП славеше на гости кај Еуромилк со 0:1, но оваа победа требаше да биде изразена со поубедлив триумф. Стрелец на победничкиот гол беше Темелков во 62.минута.

Камјани славше со 2:1 против Осогово, интересно, сите три гола паднаа во првите 15 минути. Стрелци беа Реџепи и Рамалари за домашните и Ацевски за гостите.

Кожув со 2:0 на свој терен го победи Шкупи. Победата ја донесоа Симовски во 28.минута и Бејчев во 54.минута.

РЕЗУЛТАТИ – 2.КОЛО

Пелистер – Брера 0:0

Еуромилк – Македонија ЃП 0:1

(/Темелков 62.)

Камјани – Осогово 2:1

(Реџепи 2., Рамалари 15./Ацевски 11.)

Новаци – Беласица 0:1

(/Томовски 90.)

Кожув – Шкупи 2:0

(Симовски 28., Бејчев 54.)

24.09.2026

Тетекс – Работнички

Детонит – Охрид

ПретходноПМФЛ: Арсими победнички на Чаир!
СледноАртета: Нашата цел е повторно да ја освоиме титулата