Севиља со “два од два“ на стартот во Ла Лига!

126
ФОТО:.facebook.com/ATHLETICCLUB/

Откако го победи Рајо Ваљекано дома во првото коло, Севиља сепак успеа да освои три бода во далеку потешка задача.
Како гости, го победи Атлетик Билбао со резултат од 1:3 (0:1).
Билбао беше подобар противник на почетокот од натпреварот. Неколку сериозни напади, обиди на Геренбарена и Игнасио Вилијамс, а потоа и клучниот детаљ од натпреварот.
Билбао остана со играч помалку по прекршокот на Берчиче, кој како последен играч во одбраната го спречи она што можеби беше сигурен гол за Севиља.
Работите тргнаа наопаку за Билбао, имаше грешка од голманот Симон кој му ја даде топката на Осо, кој постигна гол за 0:1! Иако со еден играч помалку, Билбао се обиде да израмни преку Сансет, Каналес и Гурузета до крајот на полувремето, но немаше промена на резултатот.
Билбао се обиде и во продолжението, но Севиља беше многу добро подготвена. И потоа добија контранапад, Еџуке отиде како брз воз на десната страна и ја погоди мрежата на одличен начин. Сè беше готово во 63-тата минута од играта.
Потоа Осо успеа да ја искористи грешката на одбраната на Билбао, ја испрати топката до работ на шеснаесетникот од каде што Ромеро шутираше и ја погоди мрежата на Унаи Симон за огромни 0:3.
Се што домашниот тим успеа да направи до крајот на играта беше да постигне утешен гол преку Паредес во 70-тата минута од играта.

ПретходноАртета: Нашата цел е повторно да ја освоиме титулата
СледноПожар, тепачка и повеќе од 100 повредени фанови на дербито на југозападот во Германија!(ВИДЕО)