ТФТ со пораз на пријателскиот меч со ПАОК (ФОТО)

111
ФОТО:.facebook.com/PAOKBasketballClub/

Кошаркарите на ТФТ доцна попладнево во Солун, во пријателски меч се поразени од ПАОК со 94:69. По традиција овие две екипи играат контролни мечево пресрет на стартот на сезоната. Повеќе од јасно е дека домашниот состав, со оглед на квалитетот, дојде до убедлива победа. Уште од самиот старт домашните кошаркари наметнаа свој стил на игра, резултатски се одлепија и потоа се беше полесно за составот на стратегот Андреа Тринкиери.

Кај тимот на ТФТ најефикасни беа Сила и Цветковски со по 15 поени.

Ова беше прва контрола за ТФТ во пресрет на новата сезона.

ПретходноУ-15 Македонија со пораз од БиХ по изведување на пеналите
СледноШампионот тргна шампионски во новата сезона во Серија А