Шампионот тргна шампионски во новата сезона во Серија А

111
ФОТО:.facebook.com/Inter

Да се знае кој е кој во Серија А. Имено на отварањето на новата сезона во елитната лига во Италија, шампионот тргна шампионски. Интер со 4:1 на свој терен на “Меаца“ во Милано славеше против Монца. Чалханоглу со “бомба“ успеа да го совлада гостинскиот голман уште во 6.минута за 1:0 за тимот на стратегот Кристијан Киву.

Сепак Монца не се предаде така лесно, па во 29.минута Варела израмни на 1:1, резултат со кој се замина одмор.

Во продолжение шампионот “притисна“ колку што требаше и дојде до убедлива победа на крајот. Стрелци беа Зиелински во 48.минута, потоа стрелаше Еспосито во 55.минута серијата голови ја затвори Бисек во 63.минута.

На вториот меч од терминот од 18.30, Удинезе и Комо одиграа 1:1. Камара беше стрелец за домашните, а Доувикас за гостите.

ПретходноТФТ со пораз на пријателскиот меч со ПАОК (ФОТО)
СледноЗа што ли потрошија тешки милиони: Тотенхем декласиран на гостувањето кај Брентфорд