Трагедија: Познат португалски фудбалер почина на терен, среде натпревар! (ФОТО)

196

Само шест дена по неговиот 25-ти роденден, почина португалскиот фудбалер Кевин Кастро, кој се струполи на теренот за време на пријателскиот натпревар помеѓу Реал Масама и Естрела Амадора. Лекарите веднаш се обидоа да му помогнат, беше употребен и дефибрилатор, но фудбалерот, за жал, почина откако беше префрлен во болница.

Кастро се струполи во десеттата минута од натпреварот, по што на теренот истрчаа лекарите од двата клуба. На помош дојдоа експерти од Португалскиот национален институт за медицинска помош, кои го пренесоа во најблиската болница, но беше предоцна. Веста за неговата смрт го потресе фудбалскиот свет, а Естрела Амадора се збогува со фудбалерот со порака за сочувство до неговото семејство, пријателите и Реал Маса. Кастро е роден во Лисабон и поминал низ младинската академија на Спортинг, по што ја продолжил кариерата во Англија. Тој беше член на академијата на Тетфорд и играше за тимот до 23 години на Челзи. Во сениорскиот фудбал, тој имаше три настапи во Премиер лигата за Вест Бромвич Албион, а играше и за Јорк Сити, Кембриџ Сити и Истборн.

ПретходноЗа што ли потрошија тешки милиони: Тотенхем декласиран на гостувањето кај Брентфорд
СледноБраво Столе: Македонецот одличен на голот на Валенсија!