Селери кап: Барселона на рекорден минимум, Реал го крена нивото на 740 милиони евра

395

Ла Лига ги објави селери кап  за шпанските клубови за оваа сезона. Како и што се очекуваше, Бареселона е еден од најсегнатите клубови. На каталонците им е дозволено да потрошат 97,9 милиони евра, а по тој показател клубот е на седмото место во Ла Лига. Сумата е за цели 285 милиони пониска во споредба со минатата сезона. Паднатиот каталонски гигант претходната сезона ја заврши со губиток од 481 милиони евра па затоа мораше да повлече радикални потези со заминување на Лионел Меси и Антоан Гризман, а другите фудбалери да прифатат помали плати.

Па лимитот на Барса е на историски минимум во последните години со оглед на тоа дека за сезоната 2019/20 беше 671 милион евра, а 2018/19 дури 632, 9 милиони евра.

Ла Лига соопшти дека ниту еден клуб нема да биде привилегиран и нема да се прават отстапки. Селери капот е воведен во 2013 година за да се контролираат финансиите на клубовите и спречи создавање на големи долгувања. Истите се одредуваат секоја сезона на основа на тоа што а една година ќе се одземат трошиците за тимот како плати, бонуси, пензиски фонд, провизии. Во вкупен приход влегуваат телевизиските права, спонзорства, пари од Ла Лига, членства, продажба на играчи, билети…

Со тоа Барса падна дури на седмото место на листата. За разлика од нив годишниот селери кап на Реал изнесува три пати повеќе во однос на следниот тим на листата! Реал го крена влогот за дури 270,6 милиони евра и сега изнесува 739 милиони евра што значи дека може да си дозволи високи плати и големи трансфери, додека Севиља е на второто место со само 200,4 милиони евра.

Атлетико Мадрид мораше да се спушти од 252,7 милиони на 171,6 милиони евра. Пред Барса се уште Сосиедад и Атлетик Билбао.

При дното е Валенсија која исто така е оптеретена со лоша финансиска состојба, па мораше да на спушти границата на нецели 31 милион евра.

ПретходноПодаток кој покажува дека Чакир е кошмар за италијанските клубови
СледноНа крилата на чудесниот Ристовски, Вардар 1961 го урна европскиот вицепрвак