И официјално РК Вардар го одложи вториот меч од регоналната лига во ракомет.
„РК Вардар 1961 ја известува ракометната јавност дека на наше барање прифатено е одложување на натпреварот од 2-то коло на Регионалната Ракометна Лига помеѓу екипите на Динамо Панчево и РК Вардар 1961, кое по распоред требаше да се одигра на 26-ти Август ( среда ). Ова барање следи по низата на повреди и вирус кој го погоди нашиот тим, а поради што сме оневозможени да гостуваме во Панчево.
Изразуваме огромна благодарност до РК Динамо Панчево и раководството на Регионалната Ракометна лига за позитивниот одговор на нашето барање“










