Македонија без Јакимовски против Австрија!

475

✍️ Од Виена за СПОРТСПОРТ, Марија Ковачева

Македонската кошаркарска репрезентација е во Виена каде ги прави последните подготовките пред утрешниот прв натпревар од втората претквалификациска рунда за пласман во квалификациите за Европското првенство 2029 година. Противник е тимот на Австрија, кој стартуваше со пораз од Кипар.

За жал, селекторот Хозе Мариа Берокал нема да смета на составот кој посакуваше. Натпреварот против Австрија во „црвено-жолтиот“ дрес нема да биде Андреј Јакимовски. Еден од кошаркарите кои беше дел од претквалификациите нема да може да им помогне на своите соиграчи.

И покрај големата желба, Јакимовски мораше да остане во Италија каде има обврски со својот нов тим на Наполи.

Македонија има серија од шест победи во низа во битката за место во квалификациите, во нашиот табор се „гладни“ за победа.

Денеска нашите кошаркари ќе го одржат вториот тренинг терминот (16:05 часот) кога се игра утрешениот дуел против Австрија.

СОСТАВ МАКЕДОНИЈА: Ненад Димитријевиќ, Виктор Ташовски, Виктор Ефремовски, Војдан Стојановски, Лука Стојановски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Лејсон Зеќири, Валмир Какруки, Резарт Мемед, Тома Стојаноски И Мозес Рајт.

ПретходноДали судбината на Енцо Фернандез е решена?
СледноАморим: Сè уште има простор за подобрување