Моќен старт на Баерн: Штутгарт декласиран, Нојер прослави голем јубилеј

158
фото: Bayern FC (X)

Баерн Минхен ја отвори новата сезона во германската Бундеслига со убедлива победа на домашен терен, совладувајќи го Штутгарт со високи 5:1 на „Алијанц Арена“. Баварскиот гигант уште во првото коло испрати јасна порака за своите шампионски амбиции.

Натпреварот во Минхен помина во апсолутна доминација на домашниот состав. Големата канонада ја отвори Упамекано, а во листата на стрелци за баварците се запишаа и Олисе, Павловиќ, Дијаз, а автогол си постигна Вагноман, кој патем беше стрелец и на почесниот погодок за Штутгарт.

Овој дуел имаше и посебно историско значење за капитенот Мануел Нојер. Искусниот голман го одигра својот јубилеен 600. официјален натпревар за Баерн Минхен во сите натпреварувања, одбележувајќи го големиот јубилеј со сигурен триумф.

ПретходноМанчестер Јунајтед го праќа Зиркзе во Италија и итно бара нов напаѓач
СледноМилан ја совлада и Венеција за втора победа во Серија А