Марио Младеновски потпиша нов договор со Вараждин! 

73

Марио Младеновски ќе остане во Вараждин до 31 мај 2029 година. Хрватскиот клуб и македонскиот фудбалер ја продолжија соработката, па Младеновски и во следните сезони ќе го носи дресот на Вараждин.

Младеновски пристигна во Вараждин во сезоната 2024/25, а досега запиша 43 настапи за клубот.

Одлично ја започна и актуелната сезона, откако во првите четири првенствени кола двапати се запиша во листата на стрелците

ПретходноПМФЛ: Арсими на мегдан со Скопје, “Пиратите“ ја посакуваат првата победа
СледноДали судбината на Енцо Фернандез е решена?