Познато е кога Новак ќе тргне во поход на трофејот на УС Опен

120
фото: Novak Djokovic @DjokerNole (X)

Последниот Гренд слем во сезоната започнува во недела во Њујорк, а организаторите го објавија распоредот на натпреварите од првото коло по ден. Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе излезе на теренот во недела, 30 август, а негов ривал ќе биде Маријано Навоне, незгодниот Аргентинец кој моментално е 44-ти во светот. Станува збор за играч кој е познат како специјалист за земја. Двајцата ќе бидат први на теренот во вечерната сесија. Тие започнуваат во 19:00 часот по локално време, а според средноевропското време е 1 час по полноќ.
Карлос Алкараз, кој се враќа на теренот по пауза од неколку месеци, ќе биде на теренот во понеделник.

ПретходноСамо две минути откако влезе: Еве зошто Барди доби директен црвен!(ВИДЕО)
СледноТотенхем е очаен: “Лупнаа“ 350 милиони евра на засилувања, а во ПЛ губат од кого стигнат!