Арсими – Скопје 0:0 е исходот од денешниот меч во Гостивар во рамките на 5.коло во ПМФЛ. Меч во кој домашните беа нешто подобри, имаа повеќе шанси, ама во самиот финиш домашниот голман Силјановски спасуваше во два наврати.
Па така реални 0:0, по бод за двете екипи. Арсими пропушти шанса со победа да се искачи на третата позиција на табелата, додека “Пиратите“ и натаму се без триумф сезонава, ама првпат останаа непоразени на гости.
Иако домашните имаа неколку шанси, сепак во првиот дел претежно се играше мирно, без некој посебен ритам. Очекувано со оглед на пеколно топлото време. Најголемата шанса за гол ја имаше Рамадани во 14.минута, но таа топка за малку мина покрај десниот дирек на гостинскиот голман Наумовски. Рамадани имаше добра шанса и во 40.минута, но неговиот шут во последен момент беше блокиран. Да не заборавиме на шутот на Каба уште во 8.минута кој заврши над голот на Скопје.
Во оваа фаза гостите само еднаш се заканија, и тоа во 41.минута, но Силјановски беше на своето место.
Во второ полувреме исто како и во првото. Арсими ја имаше иницијативата, преку Рамадани опасно се закануваше, а Скопје како да се подотвори, и имаше преку Адем шут кој за малку ќе го изненадеше домашниот голман.
Во 89.минута Ангелов за малку ќе донесеше 0:1, но Силјановски со супер одбрана го спаси својот гол. Неколку секунди, домашниот голман одново спасуваше.
На крајот 0:0, по бод за двете екипи.















