И дефинитивно Тиквеш не знае за доста, кога станува збор за летниот преоден рок. Од денеска кавадарчани се засилија со нашаѓачот Адешина Лукман (22) од Нигерија. Последен клуб му е Есентепе КСК од С.Кипар.
Еве како Тиквеш го најави својот напаѓач:
“Добредојде, Адешина Лукман!
Млад напаѓач со амбиција, енергија и потенцијал — Лукман е уште еден дел од визијата што ја градиме во Тиквеш: да препознаваме талент, да развиваме млади фудбалери и заедно да создаваме вредност за иднината.
Новиот Фудбалер e тука.
Ново поглавје. Иста цел. Иста визија.
Добредојде во Кавадарци, Лукман!















