Сите се подготвени: Македонија има само една цел – победа во Виена (ФОТО)

83

✍️ Од Виена за СПОРТСПОРТ, Марија Ковачева

Македонската кошаркарска репрезентација го одработи последниот тренинг пред утрешниот натпревар против Австрија во рамките на втората претквалификациска рунда за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Нашите кошаркари во салата „Спорт Арена“ во Виена ги направија последните подготовки пред утрешниот дуел. Тактиката останува тајна, но амбициите никој не ги крие – Македонија оди на победа која ќе значи важен и значаен исчекор кон посакуваната цел.

Она што е најважно е дека сите кошаркари се во добра здравствена состојба. Вирусот кој ги погоди дел од репрезентативците е веќе минато, па селекторот Хозе Марија Берокал ќе може да смета на сите свои играчи.

Тоа го потврди и докторот на репрезентацијата, Иво Доневски, кој вели дека сите се подготвени за предизвикот што ги очекува:

„Сите момци се во одлична здравствена состојба и се подготвени за утрешниот натпревар. Подготвени се да одговорат на сите барања на селекторот и да го дадат максимумот на теренот. Сите, од прв до последен, се големи борци. Верувам во нив и знам дека се максимално мотивирани да дојдат до победа против Австрија.“, ни изјави докторот на репрезентацијата.

Натпреварот меѓу Австрија и Македонија се игра утре со почеток во 16:05 часот. Нашите кошаркари од трибините се очекува да имаат голема поддршка и од македонските иселеници во Виена. Фалангата најави свое присуство во „Спорт Арена“, па Македонија утре ќе има поддршка и од трибините.

ПретходноСрамотааа…! Пенал „љубави“ за Пелистер! (ВИДЕО)
СледноШК Алкалоид ја освои својата 28. титула, 14 во низа!