По две минути откако влезе во игра на почетокот од второто полувреме, Енис Барди доби директен црвен картон на мечот Коњаспор – Коџаелиспор. Имено играчот од средниот ред на Коња и наш репрезентативен капитен беше во дуел со еден противнички гостински фудбалер, тоа за судијата беше фаул за директен црвен.
Konyaspor’da Enis Bardhi, oyuna girdikten 2.30 dakika sonra kırmızı kart gördü. pic.twitter.com/SMR83sIkqH
— Anında Goller (@golleranindatv1) August 29, 2026
Инаку ова беше меч од 3.коло во турската Суперлига, а и на овој натпревар за Коњаспор нашиот капитен не беше меѓу стартерите.
По ова јасно е дека ќе паузира на неколку мечеви, сепак да почекаме на одлуката на Дисциплинската комисија.










