Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

42
ФОТО:facebook.com/BVB/

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.
Во 9-тата минута од играта, Гираси испрати центаршут и ја испрати топката од работ на шеснаесетникот кон левата статива за 1:0. Дортмунд беше поконкретен во оваа средба, имаше уште неколку можности да го промени резултатот, а следната ја искористи во првата минута од судиското продолжение на полувремето.
Борнау си постигна автогол откако го одби шутот на погрешен начин и ја испрати топката во мрежата на својот голман.
ХСВ имаше шанса во 67-мата минута кога Дака остана сам на работ на шеснаесетникот и шутираше силно кон голот, но топката отиде покрај десната статива. Во 77-мата минута, Дортмунд останува со играч помалку бидејќи Инасио заработи директно исклучување.

ПретходноТотенхем е очаен: “Лупнаа“ 350 милиони евра на засилувања, а во ПЛ губат од кого стигнат!
СледноФрозиноне со “тројка“ и го честиташе 100-тиот роденден на Фиорентина