Од “отпишаните“ Деко на Барса и донесе 100 милиони евра

581
ФОТО:.facebook.com/Deco20oficial/

Фудбалскиот клуб Барселона е многу активен ова лето, особено кога станува збор за заминувања.Имено, младите играчи Хектор Форт и Тони Фернандез ја напуштија Барселона, и ги засилија Реал Сосиедад и Венеција. Поточно, спортскиот директор Деко продаде 50% од нивните договори за да го „контролира“ нивниот развој, со можност за активирање на повратен трансфер.
По позајмицата во Елче, Форт доби шанса во предсезоната, но Флик сепак одлучи да му верува на Чави Еспарт. Форт отиде во Реал Сосиедад, кој плати 8.000.000 евра за 50% од неговиот договор. Од друга страна, Тони Фернандез, кој дебитираше за првиот тим кај Флик минатата сезона, отиде во Венеција за 4.000.000 евра, а Барса има и опција да го врати. Патем, Деко го заокружи бројот на заминувања на 10. Бидејќи претходно заминаа Роберт Левандовски, Роналд Араухо и Ансу Фати, првиот како слободен агент, вториот на позајмица во Ливерпул, а третиот во Монако за 11.000.000 евра, но тие ослободија огромен простор на платниот список.
Исто така, голманот Ињаки Пења отиде во Панатинаикос за 3.000.000 евра, Тер Штеген е на позајмица во Ајакс, Феран Торес отиде во ПСЖ за 50.000.000 евра, а младите играчи Томи Маркез и Џефри Торентс донесоа 12.000.000 и 6.000.000 евра од Брага и Ајакс, соодветно.
Кога ќе се повлече линијата, Барселона заработи нешто помалку од 100.000.000 евра од сите споменати заминувања, но заштедата на индивидуални плати е многу поважна, бидејќи Левандовски и Тер Штеген беа најплатени, додека Роналд Араухо беше во првите 5.
Да потсетиме, Деко ги донесе Гордон, Адејеми, Родри, Кансело и Доминик Ливаковиќ, додека Џеси Бисива беше регистриран за вториот тим. За гореспоменатите засилувања, Барселона потроши нешто повеќе од 170.000.000 евра, вклучувајќи ги и бонусите.

ПретходноМбапе го брка рекордот на Роналдо – има рок до 2 ноември!
СледноНеверојатно: Нудат 40 милиони евра за играч кој одиграл само 665 минути во Премиер-лигата!