Фалангата во Виена се мобилизира: Секогаш со срце за Македонија

274

Од Виена за СпортСпорт – Марија Ковачева

Како што беше и најавено, македонската кошаркарска репрезентација на трибините во „Спорт Арена“ за дуелот против Австрија ќе има поддршка од Фалангата која живее во овој град, но и во близината.

Пред салата македонските фанови се мобилизираат, порачаа дека секогаш и секаде ќе дојдат да ги бодрат фановите. Очекуваат победа и сакаат кошаркарска Македонија да ја видат на Европско натпреварување.

Натпреварот стартува со почеток во 16:05 часот. Ова е прв натпревар за Македонија во втората претквалификациска рунда за пласман во квалификациите за ЕП 2029 година.


 

ПретходноХал блеска: Од „Не сме лоши за најлошиот тим во историјата“ до „Ќе ја освоиме ПЛ“!
СледноБарса има нова “деветка“: Габриел Жезус во нападот на каталонскиот гигант!