Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска со ждрепка ја добија групата за главната фаза од натпреварувањето во ЕХФ Европската лига. Битолскиот состав се најде во новоформираната група „Д“ заедно со екипите на Татабања (Унг), АЕК (Грц), Спортинг (Пор), Ним (Фра) и Кадетен Шафхаузен (Шва).
Од годинешните противници, Е. Пелистер минатата сезона беше во иста група со екипата на Татабања, која не успеа да оствари ниту една победа, како и со екипата на Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.
Капитенот и селектор на нашата репрезентација, Кире Лазаров исто така ја дозна групата за неговиот Нант кој беше носител во ова натпреварување. Нант се најде во групата „Б“ во друштво на Чеховски Медведи (Рус), Кокс (Фин), Лемго (Гер), ГОГ (Дан) и Бенфика (Пор).