Башкими – Шкендија Арачиново 1:2 е резултатот по првото полувреме од денешниот меч во Куманово во рамките на 5.коло во ПМФЛ. И веднаш да кажеме дека кумановци по цели 385 минути го постигнаа својот прв гол сезонава. Тоа беше мајсторија на Рибеиро во 25.минута кога погоди од слободен удар.
Инаку гостите од Арачиново поведоа со голот на Фазлагиќ уште во 8.минута, истиот играч во 45.минута погоди за водство од 1:2, со кој резултат се замина на одмор.
Интересно е тоа што главен судија е Стојанче Трпчевски кој имаше катастрофален кикс како ВАР-судија на мечот од петокот меѓу Силекс и Шкендија. Беше најавено од страна на ФФМ дека ќе биде санкциониран, но ете тој ја дели правдата денеска во Куманово.















