МИ 2026: Трајковски деветти во скок во далечина

65

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски настапи во финалето на натпреварите во скок во далечина на Медитеранските игри во Таранто. Трајковски беше меѓу најдобрите атлетичари во конкуренција на медитеранските земји и на крајот го освои 9. место со пресконати 7.63 метри.

Трајковски се чини не успеа да го даде максимумот во оваа дисциплина, затоа што во Таранто замина со најдобар сезонски резултат 7.82 метри. По три скока, не успеа да обезбеди пласман меѓу првите осум за да добие шанса за уште три скока, па така заврши на 9. место во конкуренција на 10 финалисти.

Неговиот личен и национален рекорд изнесува 7.91 метри, постигнат во 2023 година.

ПретходноОдличен почеток во Бундеслигата: Томовски „фати“ 15 топки за победа на гости
СледноКомо не се шегува, поразен Наполи среде Неапол