Интер ја запиша и втората победа на стартот од новата сезона во Серија А, откако на гостувањето кај Каљари славеше со минимални 1:0. Тимот на Кристијан Киву до трите бода стигна благодарение на голот на Хакан Чалханоглу во деветтата минута.
Турскиот репрезентативец прецизно реализираше по асистенција на Николо Барела и му донесе рано водство на гостинскиот тим. Интер потоа успеа да го сочува резултатот и покрај обидите на Каљари да се врати во натпреварот.
Со еден гол заврши и вториот вечерашен меч. Лацио дома со 1:0 славеше над Џенова. победничкиот гол го постигна Фратези.










