Пукаат ложите во Вардар поради лошиот тренанжен процес во клубот за време на подготвителниот период и промашените подготовки во клубот кои резултираа со очајна Европа и лош старт на сезоната. Замина тренерот Кристијан Фабијани но останаа проблемите… Најнова жрвта и проблем со повреда за Горгије Јанкулов. Десниот бек на „црвено-црните“ истегна ложа на дуелот со Силекс и поради тоа беше заменет на полувремето. Повредата не е серизона, но бара пауза и тоа значи дека новиот репрезентативец на Македонија нема да игра денеска за Вардар против Тиквеш а може да се случи да го прескокне и следното коло. На повреда се жали и Диего Кастаењеда, но со оглед на неговите квалитети и настапи за Вардар тоа и не е некој голем шок. Се жали на повреда на ложата исто како и Торес кој одамна е заборавен.
Од аргентинците во стројот активен е само Пуелио! Герсон Родригес сам си тренира, нема намера да замине од Вардар затоа што никаде на друго место нема да најде вакви услови, топеранции и пари. Чека одлука на клубот а во меѓувреме бројчаникот си врти. Во аут поради повреда е и Бобан Николов а во стројот е вратен Пирес. Дарко Велковски веќе си игра со успех во новиот клуб од Бахраин а новото засилување на стоперската позиција Сирики Диабате доаѓа од катарска втора лига и нема настап од 15 април! Ќе му треба време да влезе во ритам а време во Вардар нема.
Секој нов кикс би бил фателен во битката за тутулата која сега изнесува 9 бода во однос на Шкендија пред дуелот на „црвено-црните“ за некој час на гости кај Тиквеш.















