Полувреме: Тиквеш поведе, ама глупоста на Лавал го чинеше многу, Вардар можеше и до целосен пресврт!

363

Тиквеш – Вардар 1:1 по првото полувреме на последниот меч од 5.коло, кој се игра попладнево во Кавадарци. Домашните поведоа со голот на Фал во 20.минута, по киксот на гоманот Диковски и потесната одбрана на гостите. Сепак неколку минути подоцна Лавал со лакт го удри Најдовски, се гледаше и ВАР и јасно беше дека тоа е црвен картон. Па така кавадарчани од 25.минута се со играч помалку. Судијата Александар Грујоски гледаше и ВАР снимка и реагираше соодветно.

Тиквеш беше подобар во првиот дел од полувремето, имаше супер шанса, зицер преку Сила, и Гуџуфи се закани.

Откако остана со играч помалку, гостите од Скопје тргнаа поофанзивно и во неколку наврати се обидоа да дојдат до шанса.

Вардар израмни со голот на Омерагиќ во 40.минута за 1:1. Капитенот на гостите две минути имаше шанса и за уште еден гол, но неговиот шут беше блокиран.

ПретходноМеси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина
СледноТиквеш го испрати својот капитен во пензија: Ти БЛАГОДАРИМЕ – Даниел Мојсов! (ФОТО)