Вавринка го одигра својот последен Гренд Слем натпревар

103
фото: Roland-Garros @rolandgarros (X)

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка го одигра последниот гренд слем меч во кариерата, откако во првото коло на Ју-Ес опен загуби од Матео Беретини со 7:6, 7:6, 6:0. Швајцарецот, кој на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера, беше испратен со големи овации од публиката во Њујорк.

Вавринка во Њујорк првпат настапи во 2005 година, а десет години подоцна го освои трофејот, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Овојпат до настапот стигна со специјална покана, откако во последен момент се ослободи место во главниот турнир.

„Една од причините поради кои играв до 41 година беа токму ваквите моменти“, изјави Вавринка по мечот.

„Тоа ми покажа дека во овие 20 години ја правев вистинската работа – секогаш се борев, излегував на терен и се обидував да го дадам најдоброто од себе“, порача Швајцарецот.

ПретходноЕмилијано Мартинез со порака за Меси: Ти ме направи светски шампион, ти благодарам!
СледноБоби Стојковски од ништо направи НЕШТО кај „лавовите“