Шпанец стана селектор на Ј. Кореја, но само за 6 натпревари

76

Шпанскиот тренер Роберто Морено е именуван за привремен селектор на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја. Четириесет и осумгодишниот стратег го наследува Мјунг Бо Хонг, кој поднесе оставка по елиминацијата на Корејците во групната фаза на Светското првенство.

Морено потпиша краткорочен договор и ќе ја предводи репрезентацијата на шест натпревари до крајот на ноември. Првите четири се закажани против Еквадор, Уругвај, Венецуела и Узбекистан, додека за ноемврискиот термин КФА дополнително бара противници.

Шпанецот има искуство и како селектор на Шпанија, каде што во 2019 година привремено го замени Луис Енрике. Во тренерската кариера работел и во Монако, Гранада и руски Сочи, а беше и асистент на Енрике во Барселона и шпанската репрезентација.

ПретходноЕвертон повторно ќе го добие Грилиш на позајмица
СледноПоследен ден за трансфери: До кога имаат право да купуваат најголемите?