Матеј Белистојановски го освои првиот златен медал за Македонија на Медитеранските игри 2026 во Таранто, Италија. Македонскиот каратист доминираше во кумите во категоријата до 67 килограми.
Белистојаноски во финалето беше убедливо подобар од Хрватот Боран Берак победувајќи го со 6-0.
Во продолжение погледнете го крунисувањето на Белистојаноски на МИ во Таранто. Македонската химна за првпат беше интонирана на овие Игри после еден победнички марш на македонски спортист.










