Македонската млада женска ракометна репрезентација е поразена од Косово со 17-22 на последниот натпревар на Медитеранските Игри кои се одржуваат во Таранто.
Избраничките на селекторот, Даниела Новеска на крајот остварија учинок од една победа и пет порази, што ги стави на последното место.
Дуелот не понуди квалитетна пресметка со оглед на тоа дека во првото полувреме паднаа вкупно 12 гола. Македонија даде пет, додека противникот седум.
Ања Лашкоска беше најдобар стрелец во македонската репрезентација, постигна пет гола.










