Денеска стартува и сезоната во Купот: Струга ТЛ против Победа (В), Вардар игра утре со Овче Поле

199

Денеска со четири меча од 1/16 финалето или првото коло, стартува сезоната 2026/27 во Купот на Македонија. Ова рунда ќе се игра во неколку термини а ќе заврши дури на 14 октомври.

Денеска се играат мечевите Победа Валандово – Струга ТЛ, Студеничани – Пелистер, Велазерими – Македонија ЃП и Венец Неготино – Брера, сите од 16:30 часот.

Утре игра Вардар против Овче Поле, а останатите се играат наредната недела, а две се играат во октомври.

Оваа фаза ќе ја прескокне Силекс, како актуелен освојувач на трофејот во ова натпреварување, и директно ќе се пласира во осминафиналната рунда. Познато е дека Шкендија Тетово по настаните од последното финале оваа година нема да игра во Купот на Македонија.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ДВОЈКИ ЗА 1/16 финале

ДНЕСКА – 16.30 Ч

Победа Валандово – Струга ТЛ

Студеничани – Пелистер

Велазерими – Македонија ЃП

Венец Неготино – Брера

УТРЕ – 16.30 Ч

Овче Поле – Вардар

09.09.2026 – 16 Ч

БВК Коњаре – Башкими

Детонит – Шкендија Арачиново

Кожув – ФК Скопје

Новаци – Охрид

Осогово – Беласица

Саса – Шкупи

Тетекс – Брегалница Штип

24.09.2026 – 16 Ч

Могила – Арсими

06.10.2026 – 15 Ч

Кросу Спорт Битола – Тиквеш

14.10.2026 – 15 Ч

Вардар Неготино – Работнички

ПретходноИ Шкендија – Тиквеш се игра на ФФМ!
СледноЦвитановиќ не сака, спасот за Вардар е црногорецот Божовиќ