Фудбалерот за кого Трамп и Инфантино се избламираа, не ги мина лекарските прегледи во Евертон!

378
фото: FIFA World Cup Stats @alimo_philip (X)


Фоларин Балогун имаше индивидуално многу добра сезона зад себе во Монако. Со своите добри настапи привлече внимание на Светското првенство, но потоа поништениот црвен картон од натпреварот со Босна и Херцеговина, поради интервенцијата на Доналд Трамп и Џани Инфантино, жаргонски кажано, го „оцрни“. Прво, со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, доживеа убедлив пораз против Белгија (1:4), потоа повреда поради која го пропушти почетокот на сезоната, а сега веќе не успеа да направи трансфер во Евертон!

Според информациите добиени од францускиот RMC, Балогун не ги поминал лекарските прегледи во клубот од Ливерпул и, со оглед на тоа што преодниот рок во Англија завршува на полноќ, потребно е чудо за да се реализира зделката. Арсенал исто така со нетрпение ја очекуваше продажбата на Балогун на Евертон, поради претходно договорените 17,5 проценти кога го продадоа Американецот на Монако за 30.000.000 евра. Лондонскиот клуб можеше да добие речиси 9.000.000 од овој договор, но ќе мора да почека и да се надева дека напаѓачот на Монако ќе продолжи да постигнува голови и повторно ќе обезбеди профитабилна компензација за трансферот.
Да се потсетиме дека Фоларин Балогун беше во Арсенал, потоа играше на позајмица во Мидлсбро и Ремс, а во август 2023 година беше купен од Монако. Неодамна наполни 25 години, па сè уште има време за голема продажба како оваа на Евертон.

ПретходноПромоција: Јуве се пофали со Волтемаде!(ФОТО)
Следно“Бомба“: Нено во Арис ќе игра со братот на Јанис!(ФОТО)