Славје во семејството на нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов, кој доби син – се роди Стефан Костадинов. Секако голема радост за таткото Тихо и мајката Моника, посебно ако се знае дека ова е нивно прво дете.
Па честитки од нашата редакција “СпортСпорт“, само Стефан да е здрав и жив, голем да расте, што се вели. И секако, еден ден и него да го видиме во дресот на фудбалската репрезентација на Македонија како неговиот татко Тихо.

Инаку Тихо член на Словачко и неколку години е стандарден репрезентативец на Македонија.










