И Ришарлисон ќе заврши во дресот на Трабзонспор?

139

Трабзонспор се обидува да го доведе бразилскиот напаѓач Ришарлисон од Тотенхем, откако пропадна можноста фудбалерот да се врати во Евертон. Турскиот клуб веќе испратил понуда до лондонскиот премиерлигаш, а Ришарлисон, според последните информации, е заинтересиран за трансферот.

29-годишниот напаѓач сака да го напушти Тотенхем, каде што ова лето се најде во центарот на трансферните шпекулации.

Ришарлисон во Тотенхем пристигна во 2022 година од Евертон за околу 60 милиони фунти. За лондонскиот клуб има 134 настапи, 32 гола и 15 асистенции, додека минатата сезона постигна 11 гола во Премиер-лигата.

ПретходноФудбалер на Реал фатен пијан како го вози своето Порше!
СледноОдбојкарите славеа на првиот тест со бугарски Берое