Одбојкарската репрезентацијата на Македонија со 3:1 (25:19, 25:16, 22:25, 31:29) славеше над бугарскиот суперлигаш Берое 2016 во првиот пријателски натпревар одигран во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, во пресрет на учеството на Европското првенство.
На овој дуел селекторот Јошко Миленкоски комбинираше со поставата и им даде шанса на поголем дел од играчите кои ги има на располагање. Капитенот Никола Ѓоргиев реализираше 18 поени, додека Љафтов и Савовски имаа по 10 поени.
Берое 2016 и во наредните два дена ќе биде во Скопје и ќе одигра уште две контроли со нашата селекција.










