Димарко е Играч на сезоната во Серија А!

40
фото: intermediolan.com @intermediolan_ (X)

Федерико Димарко е прогласен за играч на годината во Серија А за сезоната 2025/26. 28-годишниот дефанзивец ја доби наградата од страна на Италијанската фудбалска асоцијација.

Церемонијата на доделување на наградите „Гран Гала дел Калчо“ се одржа во Милано. Победниците во различните категории беа одредени со директно гласање од самите фудбалери.

Минатата сезона беше успешна за Димарко и Интер. Миланскиот клуб го освои италијанското првенство, а дефанзивецот даде значаен придонес за овој резултат.

Во 35 натпревари од Серија А, Димарко постигна 7 гола и имаше 16 асистенции. Тој беше на врвот на табелата по број на асистенции во лигата.

ПретходноИграчот на Реал Мадрид се спаси од затвор
СледноВардар без проблеми против Овче Поле: Деби гол на Диабате (ВИДЕО)