ВАРДАР СО ТРОФЕЈ ЈА ОТВОРИ НОВАТА СЕЗОНА

40

Петти Суперкуп за Вардар и петта потврда дека шампионскиот карактер се гради со години, но се докажува на терен. Новата сезона започна онака како што доликува на шампион, со трофеј во рацете.

РК Вардар 1961 го освои Суперкупот на Македонија, совладувајќи го ГРК Охрид со 32:31 во драматичен и до последната секунда неизвесен дуел во Гевгелија. „Црвено-црните“ покажаа карактер, сила и победнички менталитет и стигнаа до петтиот Суперкуп трофеј во историјата на клубот.

За Вардар, трофејот е повеќе од одличје. Тој е продолжение на традицијата, потврда на амбициите и силна најава за сезоната што следува. Двојниот европски шампион повторно ја потврди својата позиција како најуспешен клуб во историјата на Суперкупот на Македонија. Новата сезона допрва започнува. Следуваат нови предизвици, нови битки и нови цели на домашната сцена, во трката за двојната круна, но и на европскиот терен.

Ние веруваме дека Вардар има сила за нив. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во тимот, во неговиот квалитет и во победничкиот менталитет кој со децении го препознаваат генерации вардарови навивачи. 

ПретходноФранција е најголем „извозник“: Од продажба на играчи француските клубови заработија 1,7 милијарди долари
СледноШампионот вечерва ја отвора новата сезона во ракометната Суперлига