Момент за паметење…. два прволигашки мечеви под рефлектори, а ниту еден не е на Арената

186

Посебен ден за мак прволигашкиот фудбал. Денеска се отвора шестото коло од новиот ПМФЛ шампионат, а на програмата се два меча. Едниот во Скопје каде што од 19:00 часот на комплексот Петар Милошевски ќе се сретнат екипите на Шкендија и Тиквеш, а другиот во Штип, каде што половина час претходно ќе стартуваат Брегалница и Шкендија Арачиново.

Она што е посебно за овие два меча, и е вредно да се спомене е следново. Двата меча се играат во вечерен термин. Односно под рефлектори, нешто што до пред извесно време за македонски услови беше мисловна именка.

За да оваа ситуација биде уште по раритетна, ниту еден од овие два меча не се игра на Арената Тодор Проески. Објектот кој што во изминативе децении беше центарот на нашите фудбалски збоднувања од ваков карактер.

Сега, ситуацијата полека се менува и такви игралишта со рефлектори имаме повеќе. Шкендија еве есенва го користи теренот на ФФМ како свој домашен и мечевите ги игра исклучиво под рефлектори. Штипјани пак исто така својот реновиран стадион го опремија со осветлување па можат да играат и мечеви во вечерен термин.

 

ПретходноЛиверпул доведе млад и талентиран французин
СледноПелистер ќе го пречека Работнички во Новаци