Младост извлече бод на гостувањето кај Бутел

64

Екипата на Бутел не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и денеска на самиот старт на Суперлигата, одигра 30:30 против тимот на Младост Богданци.

Иако домаќинот имаше релативно добитна ситуација и водеше со четири гола предност во финишот, сепак, гостите на 15 секунди до крајот на дуелот успеаа целосно да го анулираат минусот и на крајот да освојат бод. Херој на гостите е Пејиќ кој што го постигна тој толку важен гол, што донесе и бод за Младост.

Домаќинот имаше контрола врз резултатот во текот на целиот меч но ете на крајот не успеа да одигра скоцентрирано до крај. Грешките си го направија своето, а Младост беше присебен кога беше најпотребно.

 

ПретходноЕпски момент: Жозе и Перот, некогаш и сега!(ВИДЕО)
СледноСамо една ситница го кочи новиот договор меѓу Баерн Минхен и Хари Кејн