Одбојкарките на Италија и Турција ќе играат во големото финале на Европското првенство 2026. Италијанките вечерва во второто полуфинале ја совладаа Полска со 3:1 и и се приклучија на Турција во утрешната битка за златото.
Италијанките убедливо го започнаа полуфиналето и ги освоија првите два сета со идентични 25:19. Полјачките, сепак, се вратија во третиот сет и со подобра игра славеа со 25:21. Италија не дозволи поинакво сценарио и одлично го отвори четвртиот сет, за на крај да го освои со убедливи 25:16.
Домаќинот Турција, која претходно ја совлада Србија со 3:0, утре ќе биде голем ривал на Италијанките за европскиот престол.
Србија и Полска, претходно ќе се сретнат во натпреварот за бронзениот медал.










