Вардар чека на Стефан Ристовски, тој на јахта одмара со Мрме

537

Беше најавуван како нов фудбалер на Вардар, социјалните мрежи беа преполни со најави и со објави на Стефан Ристовски како нов фудбалер на првакот на Македонија. Искусниот фудбалер и поранешен капитен на националниот тим е слободен играч по раскинувањето на соработката со екипата на Сараево.

Но, кога се очекуваше потпис, промоција… се појави фотографија на неговиот официјален инстаграм профил на јахта како ужива и одмара со поранешниот селектор Игор Ангеловски.

„За старите добри времиња…“, беше нумерата од Нови Фосили на самото „стори“. Нешто што ја разбранува фудбалската јавност со оглед на тоа дека Игор Ангеловски е „забранета тема“ во нашиот фудбал откако беше оној обостран конфликт со зборови и критики со Федерацијата некаде на почетокот на годината.

Поради сето ова, а со оглед и на тоа дека преодниот рок истекува денеска на полноќ, Ристовски и Вардар се далеку од нова соработка и враќање на „детето на Вардар“ во својот матичен клуб. Клубовите во земјава до денеска имаат право да регистрираат странци или повратници од странство (трансфери со барања за сертификати), а домашни трансфери се возможни до среда.

ПретходноВардар без Пиреш на дуелот со Арсими
СледноКостадинов почести за новородениот син