Ја потврди својата класа: Нено најефикасен на дебито за Арис

177
ФОТО:facebook.com/arisbc.gr/

Иако на пријателска, сепак нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ уште еднаш ја покаќа својата класа. Имено на дебито за Арис на пријателскиот меч со Викос Фалконс, Македонецот успеа да запише 20 поени и со тоа да биде најефикасен во тимот на Арис кој успеа да победи со 97:80.

Нено исто така со овој настап покажа дека ќе биде лидер на тимот, иако на оваа средба тренерот Андреа Тринкиери не можеше да смета на неколку свои играчи.

Следната недела Нено и Арис ги чека силен турнир во Никозија, а “генералката“ во пресрет на стартот на сезоната ќе биде од 20 до 22 сптември на турнир во Солун каде ќе учествува и ТФТ.

Колку за потсетување, минатата недела Нено оствари историски трипл-дабл во победата на Македонија на гости кај Астрија.

ПретходноИ Ајдини и Јусуфи за посилна Шкендија Арачиново!(ФОТО)
СледноДодев со нова асистенција во новата победа за Алтај!