Одби борба за титула затоа што не сака да се вакцинира: „Тоа не стоеше во договорот“

276

Американскиот боксер Брајан Џенингс одлучи да се откаже од борбата за титулата во ВБЦ бриџер категоријата против Оскар Ривас. Џенингс и Ривас беа одбрани како боксери кои ќе се борат за појасот на новоформираната категорија, но Џенингс се откажа. Инаку борбата требаше да се одржи на 22 октомври.

Причината е што Џенингс не сака да се вакцинира и не сака да оди во карантин кој е неопходен за сите кои влегуваат во Канада каде што требаше да се одржи натпреварот.

„Вакцинирањето не беше во планот, а ниту во договорот. Не можете туку така да измислувате правила“, изави Џенингс.

Правилата за карантин во Канада се ригорозни, 14 дена без излегување што значи и без тренинзи надвор или во сала. Тој се откажа, па ќе видиме дали Ривас ќе добие нов противник.

ПретходноЛига на Европа: Катастрофа на Фенер во Истанбул, џабе голот на Елмас кога Наполи загуби
СледноИм ја фати „жива“, Порто го слави Митревски (ВИДЕО)