Машката одбојкарска репрезентација на Македонија отпатува за Софија, каде од 9 до 26 септември ќе се одржи Европското првенство 2026. За македонските одбојкари ова ќе биде четврто последователно учество на континенталниот шампионат.
Македонија натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Софија, а првиот предизвик ќе биде домаќинот Бугарија, во среда од 19 часот. По пристигнувањето во бугарската престолнина, репрезентацијата ќе има два дена за аклиматизација и последни подготовки пред стартот на шампионатот.
Нашите одбојкари беа испратени со традиционалното истурање вода, со желба патот да им биде лесен, а настапот на Европското првенство успешен.










