Деспотовски: Нема предавање, одиме на две победи за втора фаза на ЕП 2026

78
фото: Одбојкарска федерација на Македонија (FB)

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија пристигна во Софија, каде од среда стартува со четвртиот настап на завршницата на континенталните првенства. Селекторот Миленкоски и одбојкарите веќе истакнаа дека имаат голема желба за да им приредат нова радост на македонските фанови, а амбициите и желбите не ги крие ни генералниот секретар на Одбојкарска федерација, Филип Деспотовски.

„Без разлика на противниците, немаме предавање. И ние играме одбојка, и тие играат одбојка. За овој настан се спремавме месеци и пол и предходно два месеци во Европската лига. Не гледам зашто би се откажале од нешто, иако од нивна страна може не сметаат и за аутсајдери. Јас не се гледам како аутсајдер. Особено не во оние два меча со Португалија и Израел. За првите три, нормално тоа се репрезентацији кои ќе се борат за самиот врв, така да реално и таму треба да ја покажеме нашата најдобра игра, меѓутоа шансите се помали отколку во однос на последните два меча“, вели Деспотовски во изјава за Спортското радио 90.3 фм.

Одбојкарите ќе имаат два дена аклиматизација пред премиерата – отворањето на првенството во среда против домаќинот Бугарија пред повеќе од 14.000 навивачи во салата „Армеец“.

ПретходноЃорческа сигурна на стартот на ВТА 125 турнирот во Анталија
СледноСрбите сакаат да го „украдат“ Гаштаров: Ќе направиме се за да заигра за Србија