Ројевиќ за ремито со Пелистер: Нијанси решаваа, жал ми е за оваа публика и овие момци

100
ФОТО:facebook.com/hcohrid

Ракометарите на Охрид одиграа неверојатен и драматичен натпревар против Е. Пелистер, завршувајќи го првиот меч од новата сезона во Суперлигата со нерешен резултат 28-28 (во салата „Билјанини Извори“). Иако домаќините беа многу блиску до голема победа, на крајот мораше да се задоволат со по еден бод.

Тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ, по натпреварот беше видливо емотивен, ја пофали публиката за одличниот амбиент и застана цврсто зад своите играчи, истакнувајќи дека клубот заслужува поголема почит.

„Благодарам на охридската публика, која беше сјајна како и секогаш. Имаше одличен амбиент во салата. Она што сакам да го кажам е дека ме боли срцето за овие момци, кои дадоа свој максимум. Би сакал само малку повеќе почит кон ракометниот клуб Охрид. Мислам дека тоа го заслужуваме. Нијанси решаваа. Тоа се работи кои мораме да ги дотераме. Потребно ни е што побрзо голманите да проработат“, изјави стратегот на охриѓани.

ПретходноКерик: Ова реми делува како пораз, но не ја започнавме сезоната толку лошо
СледноНа 10 септември (четврток) започнува продажбата на билети за Македонија – Швајцарија