Повторно со драма, како што беше и минатото коло со Фленсбург, Порто триумфираше. Во рамките на третото коло во Лигата на шампиони, португалскиот тим со еден разлика го совлада Динамо Букурешт на гости 26:27.
Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски одново ја имаше главната улога. Го одбрани последниот напад на противникот за голема победа. На крајот зад своето име запиша девет одбрани, или четири повеќе од неговиот колега Франден.
Со тоа Порто дојде до втората победа во третиот меч во ЛШ.
Best save of the night so far? Discuss. 😎@FCPorto #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/xYUMqEpcXb
— EHF Champions League (@ehfcl) September 30, 2021